Свет 26. септември 2019. / 21:07

Помпео: Асад во мај користел хемиско оружје

Помпео: Асад во мај користел хемиско оружје

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео изјави дека САД дошле до заклучок оти сирискиот претседател, Башар ал Асад користел хемиско оружје за време на битката со бунтовниците во Одлиб во мај.

Режимот на Асад е одговорен за небројни злодела, од кои дел се на ниво на воени злосторства и злосторства против човештвото – изјави Помпео на прес-конференцијата во Њујорк, каде учествува на состанокот на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Тој рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп е многу енергичен во одбраната на светот од хемиското оружје, но одби да каже каков би можел да биде одговорот на Вашингтон, пренесе „Ројтерс“.

Администрацијата на Трамп два пати ја бомбардираше Сирија поради наводно користење на хемиско оружје, во април 2017 и април 2018 година.