Француските рибари со димни бомби ги нападнаа Британците , а целата тепачка на море настанала поради лов на школки. Во битката биле користени и камења , а бродовите биле удирани еден во друг со сочни пцуења и навреди од двете страни. Околу 35 француски рибарски бродови бркале пет британски од местото Бај де Сен , богато со скап вид школки , каде на Британците им е дозволено да рибарат.
Но , поради строгите француски закони , на Французите им е дозволено на тоа подрачје да рибарат само од 1 октомври до 15 мај , додека Британците ги ловат школките во текот на целата година.
Никој не е сериозно повреден во тепачката . Британските рибари во паника пред бројните Французи , побарале помош и од Воената морнарица.