Илјадници риби угинаа во реката Меклиј во Австралија бидејќи дождовите ја донесоа пепелта од пожарите во водата.
Масовниот помор на риби се случи минатата недела во место крај Белбрук, пренесува ТВ мрежата АБЦ.
Артур Бејн, кој живее во близина на реката, рече дека првиот ден избројал 200 мртви риби околу мостот но верува дека таа бројка ќе биде многу поголема.
Според неговите пресметки, угинатите риби се појави 60 километри должреката, а локалното население пријавило ширење на смрдеата од трулите риби.
„Обилните дождови во локалните сливови ја нанесоа пепелта што после пожарите настана ширум регионот. Тоа може да предизвика намалување на нивото на водата“, потврдија властите од регионот.
Локалното население со помош на пумпи и цевки се обиде да го врати кислородот во водата, што изгледа успеа бидејќи запре поморот на рибите.