Британската премиерка Тереза Меј го помина гласањето за недоверба со 200 гласови поддршка, наспроти 177 против. Засега, Меј има сигурен мандат за една година.
На Меј и беа потребни најмалку 159 гласа од пратениците од Конзервативната партија, за да го преживее гласањето.
Таа претходно, на пратениците им порача дека нема да распише вонредни избори и дека планира да се повлече пред следните избори, кои се најавени за 2022 година.