Свет 26. ноември 2018. / 11:46

Помилуван Британецот кој беше осуден на доживотна казна затвор

Помилуван Британецот кој беше осуден на доживотна казна затвор

Обединетите Арапски Емирати денеска го помилуваа Британецот Метју Хеџис кој беше осуден на доживотен затвор за шпионирање, и одлучија да го ослободат откако новинарите покажаа видеоснимка на која тој признава дека е агент на Британската разузнавачка служба (МИ6).

Властите денеска ја објавија одлуката за ослободување на прес-конференција во Абу Даби, во која се наведува дека претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калифа бин Зајед ал Нахјан, го помилувал Британецот во неделата.

Ќе му биде дозволено да ја напушти земјата кога ќе завршат постапките за негово ослободување.

Тие на денешната прес-конференција ја прикажаа и видеоснимката од 31-годишниот Хеџис, кој на едно од сослушувања во судот вели дека е агент на МИ6.