Полскиот врховен суд предупреди дека земјата би можела да биде принудена да ја напушти Европската Унија поради предлозите за реформи на судството.Во соопштението се посочува дека тие предлози се во спротивност со европските закони и оти ги зајакнуваат постоечките тензии меѓу Брисел и владејачката партија Закон и Правда.
Полска веќе е пријавена во Европскиот суд за човекови права поради новите правила за судии донесени од владата предводена од ултра конзервативната партија Право и правда. Судиите според таа регулатива,можат да бидат казнети за политичка активност.
Владејачката партија тврди дека законските измени се потребни за сузбивање на корупцијата и реформи на судскиот систем, кој, според неа, и понатаму е прогонуван од комунистичката ера. Но ЕУ ја обвинува Партијата на правото и правдата дека го политизира судството уште откога дојде на власт во 2015 година.
Врховната судијка Малгорсата Герсдорф ги спореди предлозите на владејачката партија со воената диктатура во комунистичка Полска.
Би побарала омразата кон судиите и судовите повеќе да не се користи како оружје во борбата за власт, особено затоа што репресијата, како и во 1981 година, би била тажен израз на недостиг на моќ, а не манифестација на моќ, порача Герсдорф.