Полскиот Сенат, во којшто мнозинство има опозицијата, го отфрли предлог законот кој требаше да овозможи „дисциплинирање“ на судиите коишто ќе ги критикуваат владините реформи.
Од вкупно 100 сенатори, против тој предлог-закон гласаа 51.
Долниот дом на парламентот, кој е контролиран од владејачката „Партија на правото и правдата“ (ПиС), сепак може да одлучи законот да помине доколку биде потпишан од претседателот Анджеј Дуда.
ПиС наведува дека е неопходно да се донесе законот, што веќе е одобрен од Долниот дом на Парламентот, за да се избегне хаос во правниот систем, со оглед на тоа што некои судии почнале да ја доведуваат во прашање законитоста на именувањето на други според новите правила, воведени од ПиС.
Брисел, правници и активисти за човекови права веруваат дека законот е дизајниран да ги запре критиките кон владините реформи, за кои тие сметаат дека имаат за цел да ја зголемат владината контрола врз судството.