Свет 24. октомври 2020. / 09:29

Полскиот претседател Дуда позитивен на коронавирус

Полскиот претседател Дуда позитивен на коронавирус

Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол Блажеј Спихалски.

Тој напиша на Твитер дека Дуда се чувствува добро.

Претседателот вчера беше тестиран на коронавирусот и резултатот е позитивен. Тој се чувствува добро. Ние сме во постојан контакт со надлежните медицински служби”, напиша Спихалски.