Свет 02. октомври 2019. / 09:51

Полскиот кандидат за еврокомесар Војчеховски не ги убеди европратениците, му побараа писмени одговори

Полскиот кандидат за еврокомесар Војчеховски не ги убеди европратениците, му побараа писмени одговори

Полскиот кандидат за комесар, Јануш Војчеховски назначен на ресорот земјоделство, не ги убеди европските пратеници.

Тие бараат од него дополнителни писмени одговори пред да се произнесат за неговата кандидатура.

Војчеховски беше сослушан од двете надлежни парламентарни комисии – земјоделство и животна средина – но голем број пратеници оценија дека неговите одговори беа премногу општи и нејасни за да можат веднаш да го потврдат на функцијата еврокомесар за земјоделство.

Социјалдемократите прифатија да му дадат втора шанса и да му испратат серија дополнителни писмени прашања, додека либералите размислуваат да побараат второ сослушување.