Едно лице загина, а 34 се повредени откако автобус со полски патници слета на автопатот во Унгарија, соопшти портпаролот на националните служби за итни случаи.
Три лица, меѓу кои и петгодишно дете, се здобиле со сериозни повреди, објави унгарската новинска агенција МТИ, повикувајќи се на портпаролот Пал Георфи.
Унгарските служби за брза помош испратија два хеликоптери и 14 амбулантни возила на местото на несреќата.
Причината за несреќата сè уште не е позната, се вели во соопштението на унгарската полиција.