Свет 22. декември 2020. / 14:02

Полска воведува полициски час за време на Новата година

Полска воведува полициски час за време на Новата година

Полска воведува полициски час на новогодишната ноќ од 19 до 6 часот наутро за да го спречи дочекот на отворено, а од 28 декември до 17 јануари, за време на распустот, воведува таканаречен национален карантин, кога на домашните забави може да има најмногу до пет лица покрај семејството на домаќинот.

-Искрено, моето срце крвари кога треба да донесеме одлуки за натамошни ограничувања, но ги воведуваме затоа што сме сигурни дека доцнењето ќе нè чини многу, многу повеќе од загубите поради тие ограничувања, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервју за неделникот „Газета полска“.

Моравјецки објасни дека ограничувањата се воведуваат поради подготовките за масовна вакцинација на Полјаците против коронавирус на крајот на јануари и почетокот на февруари и затоа што третиот бран на пандемијата на ковид-19 сè уште реално се заканува во јануари и февруари.