Свет 31. март 2020. / 14:40

Полска воведува нови мерки: Малолетните лица не смеат надвор без возрасни

Полска воведува нови мерки: Малолетните лица не смеат надвор без возрасни

Полска ќе воведе дополнителни рестрикции како би го спречила ширењето на корона вирусот кои вклучуваат и забрана за пристап во парковите, плажите и другите јавни места, изјави премиерот Матеус Моравиецки.

– Враќањето во полунормална состојба зависи од напето придржување на правилата кои денеска ги воведовме, изјави Моравиецки на прес-конференција, додавајќи дека наведените забрани ќе траат најмалку две седмици.

Тој изјави дека продавниците ќе воведат посебно работно време за возрасните лица, додека на малолетниците ќе им биде забрането да бидат на јавен простор без присуство на возрасни.

Претходно полската влада забрани групирање на повеќе од две лица, вклучително и семејства, и порача да не се напуштаат домовите доколку тоа е возможно.

До вторникот потврдени се 2132 лица кои имаат корона вирус во оваа земја со 38 милиони жители, додека 31 лице се починати, според податоците на министерството за здравство.

Владеачките полски националисти од друга страна не сакаат да ги одложат претседателските избори закажани за 10 мај и минатата недела по итна процедура ги протуркаа низ парламентот измените на изборниот законик и покрај тоа што во 2006 година Уставниот суд одлучи дека изборниот законик не може да се менува шест месеци пред изборите.

Во анкетите убедливо води актуелниот претседател Андреј Дуда, сојузник на владеачката партија Право и правда.