Полски функционери велат дека владата на таа земја повеќе нема да се обидува да ја задоволи Европската унија, која е загрижена заради актуелните промени на правосудниот систем на Полска.
Помошникот на полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Јацек Сасин, вели дека полска е „готова со отстапките„ и дека го чека следниот потег на Европската комисија.
Комисијата соопшти дека промените во Полска ја подриваат независноста на судството и покрена процедура за воведување на санкции кон Варшава.
Комисијата додава дека дала препораки на Полска за подобрување на ситуацијата.
Десничарската влада примени некои од преглозите, но смета дека другите пропораки ќе ги загрозат реформите, за кои тврди дека се клучен дел од владината политика.
Комисијата смета дека тие чекори не се доволни.