Свет 22. септември 2019. / 10:14

Полска: Поради бомба од 5,5 тони евакуирани 42.000 граѓани

Полска: Поради бомба од 5,5 тони евакуирани 42.000 граѓани

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е пронајдена во близина на пристаништето Шчечин. Бомбата „толбој“ тешка 5,5 тони и долга шест метри била пронајдена за време на работа на водовод кој води до Шчечин.