Свет 21. октомври 2018. / 11:25

Полска гласа на локални избори

Полска гласа на локални избори

Во Полска се одржуваат локални избори , кои ќе бидат тест за владејачката десничарска влада на партијата за Правда и развој , а во пресрет на европските и на парламентарните избори следната година.

Полската владејачка партија уште по убедливата победа на изборите во 2015 е во конфликт со ЕУ поради донесените судски реформи , кои од Брисел се критикуваа како закана за демократијата.

Владејачката партија Правда и развој и денеска се фаворити , најмногу поради силниот економски раст на земјата и големите социјални програми.

Јарослав Качински може да смета на победа и поради тоа што во полската јавност преовладува мислењето дека неговата партија ги чува националните интереси.

Опозицијата , пак , која исто така има шанси за подобар резултат од минатите избори , ја обвинува власта за сеење страв од наездата на мигранти доколку ги изгуби изборите.

Качински, кој ја има поддршката и на моќната Католичка црква , може да се надева и на победа во руралните средини , каде приматот го држи Полската селанска партија.