Додека сите земји воведуваат или размислуваат за воведување на рестриктивни мерки, како полициски час или карантин, Полска во следниот период најави намалување и ублажување на веќе донесените мерки.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки соопшти дека од денеска до следната сабота повторно ќе бидат отворени трговските центри за да се засили малопродажниот сектор за време на Божиќните празници.
Владата на Полска од 7-ми ноември одлучи да ги затвори местата за излегување и забава, како и сите трговски центри поради превенција од ширење на коронавирусот.
– Ублажување на мерките може да спаси до стотици илјади работни места, и затоа одлучивме да ги ублажиме мерките, рече Моравјецки, кој најави дека училиштата ќе останат затворени до Божиќ.