Свет 06. февруари 2019. / 20:39

Полска: Државни пензии за мајките со четири и повеќе деца

Полска: Државни пензии за мајките со четири и повеќе деца

Полска почнува со исплата на пензии на мајките кои имаат четири и повеќе деца , а такви има 86 000 .

Таканаречените пензии за мајки годинава ќе ја чинат Полска околу 800 милиони злоти , односно 212 милиони долари , изјави премиерот матеуш Моравјецки и министерката за труд , Елзбјета Рафалска.

Од март мајките кои исполнуваат услови за пензија , а немаат доволно стаж ќе добиваат по 291 долар . Татковците на четири или повеќе деца исто така може да се пријават , но само ако мајката починала или го напуштила семејството.

Владата и со други мерки се обидува да го зголеми наталитетот во Полска , кој треба минимално да изнесува во просек 2,1 деца по жена , а во 2018 изнесувал 1,4 деца.