Повеќе од половина милион луѓе во Англија ја примија првата доза од вакцината против коронавирусот.
Од 8 до 20 декември, вакцинирани се 521.594 лица, покажуваат најновите податоци, јави Би-Би-Си. Потребни се две дози во интервал од 21 ден за ефективно вакцинирање.
Околу 366.715 вакцинирани или 70 проценти се постари од 80 години. Другите вакцини беа наменети за медицинскиот персонал и вработените во геронтолошките центри.