Свет 18. декември 2020. / 11:40

Полициски час за новогодишната ноќ во Португалија

Полициски час за новогодишната ноќ во Португалија
epa08873578 People walk under Christmas lights in downtown Lisbon, Portugal, 09 December 2020. EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Премиерот Антонио Коста изјави дека целосно мора да се исклучат новогодишните прослави и додаде дека на луѓето нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови од 1 до 5 часот наутро од 1-ви до 3-ти јануари.

Во Португалија во новогодишната ноќ стапува на сила полициски час како дел од мерките за намалување на ширењето на новиот коронавирус.

Премиерот Антонио Коста изјави дека целосно мора да се исклучат новогодишните прослави и додаде дека на луѓето нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови од 1 до 5 часот наутро од 1-ви до 3-ти јануари.

Нема ограничување на бројот на луѓе кои можат да се соберат по домаќинство за Божик, а забраната за патување во државата нема да биде на сила од 23-ти до 26-ти декември.