Свет 21. јануари 2021. / 16:07

Полициски час во Холандија првпат после Втората светска војна

Полициски час во Холандија првпат после Втората светска војна

Холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, изјави дека ќе се воведе полициски час од 20.30 до 4.30 часот наутро, со цел да се спречи третиот бран на коронавирусот. Ова е првпат по Втората светска војна, холандската влада да предложи полициски час.

Руте рече дека полицискиот час ќе биде воведен веднаш штом одлуката биде одобрена во парламентот, пренесува холандската телевизија „Нос“. Тој додаде дека за време на полицискиот час движењето на луѓето на улица ќе биде целосно забрането, со некои исклучоци, како што се работа или прошетка на кучиња. Казната за кршење на полицискиот час ќе биде 95 евра.

Руте исто така рече дека забраната за летови кон Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка ќе биде воведена од сабота.