Свет 08. јуни 2018. / 21:06

Полицијата во САД со лисици уапси 10-годишно момче – ова е причината (ВИДЕО)

Полицијата во САД со лисици уапси 10-годишно момче – ова е причината (ВИДЕО)

На интернет објавено е видео од апсење на невооружано момче во САД.

На снимката се гледа како 10-годишното момче, седи на автомобилот, додека неговото семејство ја моли полицијата да не го апси и дека лисиците не се неопходни. Момчето, подоцна е идентификувано како Мајкл Томас Џуниор.

Полицијата соопштила дека добила повик во кој било кажано дека едно момче со негов опис е видено со пиштол.

-Рекоа дека некој повикал полиција и рекол дека 12-годишен црнец на велосипед облечен во сино има пиштол. Има околу пет мали момчиња во плаво во близина, изјавиле сведоци за американските медиуми.

Кога полицијата утврдила дека момчето не е тоа кое го бараат, му ги извадиле лисиците.