Свет 22. октомври 2019. / 19:10

Уапсена и жената осомничена за инцидентот со украденото амбулантно возило во Осло

Уапсена и жената осомничена за инцидентот со украденото амбулантно возило во Осло

Норвешката полиција соопшти дека е уапсена жената која ја бараа поради врска со крадецот на амбулантното возило со кое денеска во инцидент во Осло беа повредени три лица, од кои две се бебиња.

– Таа е уапсена неколку часа по инцидентот – изјави на прес конференција Јохан Фредериксен од полициските сили во Осло.

Станува збор за 32-годишна Норвежанка, која ќе биде осомничена за обид за убиство.

Претходно, норвешката полиција соопшти дека има и втор осомничен, жена којашто е на слобода, а бил во тесна врска со крадецот на амбулантното возило во главниот град Осло, со кое, како што беа прегазени неколку лица.

– Уапсивме маж и трагаме по една жена – изјави портпаролот на полицијата за јавниот радиодифузер НРК.

Инцидентот се случи во делот од Осло познат како Торшов.

Вооружен осомничен е уапсен, но не е повреден и покрај тоа што полицијата, наводно, отворила оган кон амбулантното возило за време на потерата.

Неколку лица се повредени во инцидентот, но нивната состојба сè уште не е позната.

Според полицијата, дивеењето траело околу 45 минути, а со возилото биле повредени постара двојка и мајка и син.