Полицијата во сојузната американска држава Калифорнија објави видео на кое се гледа Насим Агдам, жената која изврши вооружен напад врз канцелариите на YouTube во Маунтајн Вју пред една недела.
Насим спиела на задното седиште на нејзиниот автомобил. Полицајците и пришле бидејќи имало пријава од нејзиното семејство во Сан Диего дека е исчезната. Таа им одговорила дека не се согласувале и дека затоа ги напуштила.
Најморничав е моментот кога полицајците ја спроведуваат стандардната процедура и ја прашуваат дали е на лекарства, дали планира да повреди некого или себеси или дала сака да изврши самоубиство.
Насим успева да ги убеди полицајците дека се е во ред за неколку часа подоцна да изврши напад врз вработените на YouTube при што тројца рани, за потоа да се самоубие.
Полицијата од Калифорнија при проверката не ја прашале Насим дали носи оружје, ниту ја претресле. Сега полицијата се правда дека на лице место постапиле согласно сите законски прописи.