Свет

Полицајци упаднаа во домот на поранешен премиер

Полицајци упаднаа во домот на поранешен премиер

Група полициајци вечерва упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.

Според очевидци, полицијаците пристигнале во куќата на Разак, набрзо откако тој се вратил од вечерната молитва во џамија.

Засега нема информации за причините за упадот на полицајците во домот на Разак.

Досега владејачката коалиција на Разак, Националниот фронт, претрпе пораз на изборите на 9 мај, по што викендов новите власти му забранија на поранешниот премиер да ја напушти земјата.

Во текот на изборната кампања опозицијата го обвинуваше Разак за злоупотреби на средства од државните фондови.