Свет 23. мај 2018. / 10:05

Полетал од најопасниот аеродром во светот: Детали за авионската несреќа во Хондурас (ВИДЕО)

Полетал од најопасниот аеродром во светот: Детали за авионската несреќа во Хондурас (ВИДЕО)

Девет лица се повредени во авионска несреќа во Хондурас.

Приватен авион кој сообраќал од САД се урнал на крајот од пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас – Тегусигалпа.

Меѓународниот аеродром Тонкунтин е познат како еден од најопасните во светот, поради кратката писта, која е долга само два километри. Аеродромот се наоѓа на карпест терен и е затворен од станбени населби.

Авионот полетал од Остин во Тексас. Според локалните медиуми, авионот бил преполовен на средината на трупот. Противпожарните тимови интервенирале пред да избие пожар.