Свет 26. јули 2018. / 16:17

Полетаа британските „Тајфуни“ руски бомбардер влегол во воздушниот простор на НАТО

Полетаа британските „Тајфуни“ руски бомбардер влегол во воздушниот простор на НАТО

Британските кралски воздухопловни сили лансираа два авиона „тајфун” за да го пресретнат рускиот бомбардер кој се приближувал кон воздушниот простор под контрола на НАТО.

Според „Дејли меил онлајн”, британските ловци полетале од базата во Романија откако радарот го фатил рускиот „Су-24″ над Црното Море. Се вели дека британските авиони биле во базата кај градот Констанца, во близина на морскиот брег.

Рускиот бомбардер први го забележале британските пилоти во ловците наречени „тајфун”, кои се дел од 135-тата експедиција. Веднаш била испратена предупредувачка порака до базата, и во рок од неколку минути британските авиони тргнале да го пресретнат рускиот бомбардер.

Сепак, според „Дејли мејл”, рускиот авион не го нарушил воздушниот простор на НАТО, па британските ловци биле пратени во „патрола”.