Свет 30. октомври 2018. / 23:03

Пол Рајан: Трамп не може да го укине правото на државјанство стекнато со раѓање

Пол Рајан: Трамп не може да го укине правото на државјанство стекнато со раѓање

Американскиот конгресмен, Пол Рајан, изјави дека државјанството на САД стекнато со раѓање не може да го укине претседателот.

Според 14. амандман на Уставот, сите луѓе што се родени во САД се американски државјани.

Реакцијата на Рајан следуваше по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека ја разгледува можноста да го укине овој начин на стекнување државјанство.