Свет 28. ноември 2019. / 21:45

Покренато обвинение против капетанот на крузерот што удри во бротче во Будимпешта

Покренато обвинение против капетанот на крузерот што удри во бротче во Будимпешта

Унгарското обвинителство поднесе обвинение против украинскиот капетан на швајцарски крузер, кој се судри со помал брод во мај годинава на Дунав во Будимпешта, при што загинаа 27 лица, од кои 25 беа туристи од Јужна Кореја.

Во несреќата загинаа и капетанот Мермаида и членовите на екипажот, а еден Јужнокореец се уште не е најден.

Помал туристички брод со 35 лица потона откако во него удри крузер во Дунав.

Тоа е најголемата несреќа на реката во последните педесет години.

Швајцарската фирма Викинг Крузес, која е сопственик на крузерот, соопшти дека соработува со унгарските истражители.