Свет 14. април 2020. / 11:10

Покрај корона вирусот, нов бран на епидемијата на ебола во Конго

Покрај корона вирусот, нов бран на епидемијата на ебола во Конго

Во Демократска Република Конго денеска е регистриран нов, трет случај на ебола.

Светската здравствена организација соопшти дека кај седумгодишно девојче се појавиле симптоми на ебола, откако тоа посетилo здравствен центар, исто како и двете други лица, кај кои претходно беше дијагностоцирана болеста.

По повеќе од седум недели без нов случај на ебола, ДР Конго во недела требаше да прогласи крај на втората епидемија во земјата. Меѓутоа, во петокот беше потврден нов случај на ебола во источниот град Бени и сега сите опции остануваат отворени.