Свет 07. февруари 2020. / 12:10

Погубен маж кој пред 18 години си го убил семејството

Погубен маж кој пред 18 години си го убил семејството

Маж од Далас, кој пред 18 години ги убил сопругата, двете деца и двајца роднини, погубен е денеска во градот Хантсвил во Тексас.

Абел Охоа бил дрогиран и барал пари да купи уште дрога кога пукал во семејството во својата куќа во август 2002 година.

Тој ја убил својата жена Сесилија (32), седумгодишната ќерка Кристал, деветмесечната ќерка Анахи и мајката и сестрата на сопругата.

– Сакам да се извинам на своето семејство, на кое му нанесов тешка емотивна болка, рече Охоа пред да му биде вбризгана смртоносна инекција.

Ова е второ погубување годинава во Тексас и трето во САД.

За наредните месеци во Тексас се најавени уште седум погубувања.