Кина денес го погуби Џао Џевеј, кој уби деветмина ученици и рани уште 11 во напад со нож во средно училиште во централната кинеска провинција Шенси во април, се наведува во објава поставена на официјалната веб-страница на кинескиот суд.
Џао беше осуден на смрт во јули, објави „Ројтерс“.
По добивањето на поддршка од кинескиот Врховен суд, смртната казна е извршена во округот Миџи во провинцијата Шенси, објавија властите.
Џао изјави дека донел ножеви во неговото поранешно училиште за да ги исфрли фрустрациите и лутината поради лошата среќа во животот и насилстото на кое бил изложен додека го посетувал училиштето.
Мотивите за одземање на животот на друг се вредни за презир и особено сурови, па Врховниот суд во овој случај се одлучил за смртна казна, соопштија властите.