Принцот Хари (33) и актерката Меган Маркл (36) одлучија да ја прекршат претходната конзервативна традиција при изборот на песна за првиот танц.
Според семејниот пријател, двојката одбрала атипична песна за кралската свадба – I wanna dance with somebody од 1997 година од починатата Витни Хјустон.
Принцот Вилијам (35) и војвотката Кејт Мидлтон (36) танцуваа на песната од Елтон Џон – Your song, а принцот Чарлс (69) и покојната принцеза Дијана со џез – музиката на Лестер Ленин.
На неодамнешната свадба се очекуваат голем број други песни од 80 – тите, а пејачот Елтон Џон (71) ќе настапи во живо, со што откажа два концерта во Лас Вегас за да пее на кралската свадба.
,,Чест ми е да бидам на свадбата и мило ми е што ќе ги гледам среќни”, изјави Елтон.