Свет 23. ноември 2019. / 15:03

Поднесено обвинение против Ево Моралес за бунт и тероризам

Поднесено обвинение против Ево Моралес за бунт и тероризам

Привремената влада на Боливија поднесе обвинение за бунт и тероризам против доскорешниот претседател Ево Моралес.

Вршителот на должност министер за надворешни работи Артуро Муриљо изјави дека обвинението се однесува на видео –снимката на која наводно се слуша како Моралес ги координира блокадите за време на уличните протести во Боливија.

Тој посочи дека владата бара максимална казна од 15 до 20 години затвор за Моралес.

Во Боливија изби политичка криза откако Моралес победи на спорните избори на 20 октомври.

Тој по еден месец поднесе оставка и доби азил во Мексико.