Свет 09. февруари 2021. / 10:53

Поднесено барање за регистрација на вакцината „Спутник V“ во ЕУ

Поднесено барање за регистрација на вакцината „Спутник V“ во ЕУ
Фото: Hungary Today

Рускиот фонд за директни инвестиции објави дека на 29 јануари било поднесено барање за регистрација на вакцината „спутник 5“ во Европската унија.

Тимови од руските производители на вакцини и Европската агенција за лекови (ЕМА), веќе одржале научна експертиза на вакцината.

ЕМА треба да донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки.

Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.