Свет 19. август 2020. / 11:51

Почнуваат клиничките испитувања на Кубанската вакцина против Ковид-19

Почнуваат клиничките испитувања на Кубанската вакцина против Ковид-19

Следната недела ќе почнат клиничките испитувања за потенцијалната кубанска вакцина против Ковид-19, а резултатите од тие тестови ќе бидат достапни во февруари следната година.

Според Си-Ен-Ен, вакцината наречена „Суверенитет 01“ ќе биде тестирана врз 676 лица, на возраст од 19 до 80 години, а истражувањето ќе заврши до 11 јануари 2021 година.

На развојот на кубанската вакцина работи тим од истражувачи од државниот институт Финли во Хавана.