Свет 01. март 2020. / 15:14

Почна турска офанзива против Сирија: Турците се пофалија дека „елиминирале“ 2.200 сириски војници

Почна турска офанзива против Сирија: Турците се пофалија дека „елиминирале“ 2.200 сириски војници

Турција почна воена офанзива против силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад во северозападната сириска пртовинција Идлиб.

Офанзивата следува како одговор на смртоносниот напад на сириските сили врз турските позиции во ова провинција, во кој загинаа 33 турски војници.

Операцијата „Пролетен штит“, почната по ужасниот напад од 27 февруари во Идлиб, се спроведува успешно. До денеска се уништени еден дрон и осум хеликоптери, 103 тенка, 72 хаубици, три системи за ПВО и убиени се 2.212 војници на режимот на Асад – изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Тој нагласи дека целта на офанзивата „не е судир со Русија“.

Нашата задача е да ги спречиме злосторствата кои ги прави режимот на Асад, да ги елиминираме радикалните елементи и да го спречиме бранот миграција – нагласи Акар.