Свет 23. декември 2020. / 09:08

Починаа над 3.000 лица од коронавирус за еден ден во САД

Починаа над 3.000 лица од коронавирус за еден ден во САД

Во изминатите 24 часа во САД се пријавени повеќе од 3.000 смртни случаи од коронавирус, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Си-Ен-Ен појаснува дека ова е петти пат од почетокот на пандемијата во еден ден во САД да има повеќе од 3.000 смртни случаи од Ковид-19.

САД се најпогодени од пандемијата на коронавирусот и кога станува збор за бројот на заразени и на бројот на смртни случаи.