Свет 16. ноември 2019. / 11:15

Почина тинејџерот кој пукаше во училиште во Калифорнија

Почина тинејџерот кој пукаше во училиште во Калифорнија

Шеснаесетгодишниот тинејџер, кој уби двајца ученици и повреди три лица во дворот во средно училиште кај Лос Анџелес, починал од здобиените повреди.

Момчето се застрела во главата по нападот во училиште во четвртокот наутро, на неговиот роденден, по што бил примен во болница во критична состојба.

Полицијата соопшти дека не успеала да го сослуша за мотивите, а тој не оставил писмо за да помогне да се разјасни зошто пукал во училиштето.