Свет 25. февруари 2020. / 11:03

Почина последниот советски маршал Дмитриј Јазов

Почина последниот советски маршал Дмитриј Јазов

На 95-годишна возраст, по долго боледување, почина бившиот министер за одбрана и последен маршал на Советскиот сојуз, Дмитриј Јазов, соопшти ТАСС.

Јазов е роден на 8 ноември 1924 година во селото Јазово, во Омската област. Во 1942 година го завршил Московското пешадиско училиште, а во 1956 година и Воената акдемија „Фрунзе“. Во текот на 1967 година, пак, ја завршува и Воената академија на Генералштабот на вооружените сили на СССР.

Како поручник војува на фронтот за време на Втората светска војна. Министер за одбрана на СССР е од мај 1987 до август 1991 година. Во тој период под негово раководство е реализирано повлекувањето на советската војска од територијата на Авганистан.

Во 1990 година генералот Дмитриј Јазов го добива и звањето маршал на Советскиот сојуз.