Почина поранешниот лидер на палестински Исламски џихад, Рамадан Шалах, откако не успеа да се избори со болеста, јави телевизијата Ал-Манар.
Шалах (62), од 1995 до 2018 година беше генерален секретар на оваа милитантна група, што е поддржана од Иран. Телевизијата Ал-Манар не кажа од што боледувал.
Исламски џихад постојано извршува напади врз Израел и сака да формира исламска палестинска држава. САД, Европската унија и други држави Исламски џихад го прогласија за терористичка организација.