Свет 29. ноември 2019. / 11:48

Почина поранешниот јапонски премиер Јасухиро Накасоне на 101-годишна возраст

Почина поранешниот јапонски премиер Јасухиро Накасоне на 101-годишна возраст

Поранешниот премиер на Јапонија, Јасухиро Накасоне почина на 101-годишна возраст.

Тој починал во петокот во болницата во Токио, потврди канцеларијата на неговиот син Хирофуми Накасоне.

Накасоне беше значајна фигура во јапонската повоена политика.

Тој е еден од лидерите на десноцентристичката Либерално-демократска партија која владее речиси целиот период по Втората светска војна. Накасоне ги зголеми расходите за одбрана, се обиде да го ревидира пацифистичкиот устав, навлече критика за потенцирање патриотизам и се бореше да спроведува пазарно ориентирани реформи.