Вим Кок, кој беше премиер на Холандија во периодот од 1994 до 2002 година, почина денеска откако неговото срце откажало, соопшти денеска неговата лабуристичка партија, пренесува Ројтерс.
Кок, кој почина на своите 80 години, беше на чело на Владата во време на силен економски раст во Холандија, и водеше три центристички коалиции.