Лице кое меѓу првите во Швајцарија било вакцинирано против Ковид-19, почина, соопштија во среда надлежните од кантонот Луцерн, пренесе Ројтерс.
Сепак, не наведоа дали смртта е поврзана со инјектирањето.
– Свесни сме за случајот, рече портпаролот, додавајќи дека се е упатено до швајцарскиот регулатор за лекови „Свисмедик“.
Кантонот не објави детали, ниту времето кое поминало меѓу вакцинацијата и смртта на лицето.
Луцерн беше место на првите вакцинации во Швајцарија што почна минатата недела. Се вакцинира со вакцината на „Фајзер/Бионтек“, најпрво постари лица.
За коментар не бил достапен „Свисмедик“, а „Фајзер“ не одговара на мејлови и повици.
Оваа вакцина е единствена која досега е одобрена во Швајцарија.