Свет 18. март 2020. / 10:14

Почина јапонецот кој намерно го ширел коронавирусот

Почина јапонецот кој намерно го ширел  коронавирусот

Еден Јапонец кој намерно го ширел  вирусот корона откако се разболел, починал.  Мажот кој е на воздраст од  57 години,  починал во болницата каде бил хоспитализиран.

На почетокот од март му беше дијагностициран коронарен вирус. Тој бил во инфективно  одделение, а лекарите препорачале самоизолација.

Наместо тоа, тој, наводно, отишол во најмалку два бара  и ги известил роднините, кои исто така биле позитивни за вирусот корона, дека тој „ќе го шири вирусот“. Тој контактирал најмалку две лица во еден од баровите, а најмалку едно лице е  позитивно.

Во Јапонија, повеќе од 1.500 луѓс се заразени, а 37 починати.