Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак по долго боледување почина на 91 годишна возраст, јавуваат египетските медиуми. БиБиСи јавува дека Мубарак починал во болница во Каиро.
Мубарак беше претседател на Египет помеѓу 1981 и 2011 година, но поднесе оставка како резултат на протестите на Арапската пролет, кои избија во оваа земја во 2011 година.
Почина по долго боледување во 91 година. Неговиот адвокат пред ова изјави дека Мубарак бил на оделението за итна помош, но дека и понатаму е во добра здравствена состојба.
На Мубарак му е дијагностициран рак на желидникот во 2011 година, набрзо откако ја поднесе оставката на местото претседател. Неговото здравје дополнително се влошило кога, како што се известува, претрпел срцев удар откако е осуден за наводно нарачување убиство на демонстранти. За сите обвинувања е ослободен во 2017 година.
Асошиејтед Прес наведува дека за време на неговото владеење бил непоколеблив сојузник на САД, борец против исламските милитанти и чувар на мирот меѓу Египет и Израел.
Но, тоа не го мислеле младите Египќани, десетици илјади од нив, кои во 2011 година поминаа 18 денови на протестите на централниот Тахрир плоштад во Каиро и на други места.