Свет 23. август 2019. / 17:22

Почина Дејвид Кох, еден од најбогатите луѓе во светот

Почина Дејвид Кох, еден од најбогатите луѓе во светот

Милијардерот Дејвид Кох, еден од најбогатите луѓе на планетава почина на 80 годишна возраст. Веста за смртта на Дејвид ја соопштил неговиот брат, Чаркс Кох.

Со тешко срце морам да кажам дека почина мојот брат Дејвид. Секој кој работел со него, сигурно ја осетил неговата огромна страст за животот, напиша Чарлс Кох.

Браќата Кох ја водеа компанијата „Koch Industries“ која беше основана од нивниот татко во 1940. година.

Доналд Кох е проценет на 42 милијарди долари и беше на 11. место на листата од „Форбас“ за најбогати луѓе во светот. Тој се залагал за слобода на пазарот, бил филантроп, вложувал во уметноста, но донирал пари и на заболените од рак бидејќи и самиот имал рак на простата.