Свет 14. декември 2018. / 18:00

Почина четвртата жртва на терористот од Стразбур

Почина четвртата жртва на терористот од Стразбур

Париското обвинителстов соопшти дека на повредите им подлегна четвртата жртва до терористичкиот напад во вторникот вечерта во Стразбур.

Напаѓачот Шериф Шекат во вторникот влета среде Божикниот саем во центарот на Стразбур и со два пиштола почна да пука кон посетителите. Во нападот уби три лица , а 12 беа повредени.

Тој вчеравечер е убиен од полицијата во предградие на Стразбур , каде се криел по нападот . На убивањето на терористот му претходеше голема акција на полицијата , со претреси по домовите.