Свет 09. јули 2018. / 10:30

Почина Британката затруена со рускиот отров „Новичек“

Почина Британката затруена со рускиот отров „Новичек“

Жената за која британските власти велат дека била изложена на нервниот отров новичок, вчера починала во болница. Лекарите наведоа дека и нејзиниот партнер Чарлс Роули е во тешка состојба.

Полицијата соопшти дека 44-годишната Дон Старџис починала во болница и дека е започната истрага за убиство. Нејзината состојба се влошила на 30 јуни.

Двајцата беа пронајдени во безсознание во близина на градот Солсбери, каде порано годинава беа затруени рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои ја преживеаа изложеноста на бојниот отров. По нивното труење, специјални британски екипи ја прочешлаа областа на Солсбери барајќи по предмети кои може да се прекриени со бојниот отров. Се претпоставува дека Старџис и Роули наишле на таков предмет.