Свет 04. април 2020. / 21:00

Почеток на крајот на кризата во Италија: Првпат по една недела во еден ден починале под 700 луѓе

Почеток на крајот на кризата во Италија: Првпат по една недела во еден ден починале под 700 луѓе

Италијанските власти соопштија за нови 681 починати од корона вирусот во земјата во последните 24 часа. Тоа е првпат по повеќе од една недела дневниот број на жртви да биде под 700.

Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата досега изнесува 15.362.

Вкупниот број на заразени, вклучувајќи ги и починатите и оздравените, изнесува 124.632. Од вчера има 2.886 нови случаи на зараза.

Во Италија досега се излекувани 20.996 луѓе.

За првпат од почетокот на епидемијата, во земјата има и пад во бројот на луѓето што се на интензивна нега. Денеска тој број изнесува 3.994 наспроти 4.068, колку што беа вчера.

– Тоа е важна вест, затоа што им дозволува на нашите болници да земат здив. За првпат бројката паѓа од почетокот на итната состојба – изјави шефот на италијанската Цивилна заштита Анџело Борели.