Свет 19. мај 2020. / 16:47

По заканите на Трамп ЕУ ги повика сите земји да ја поддржат СЗО

По заканите на Трамп ЕУ ги повика сите земји да ја поддржат СЗО

Европската унија ги повика сите земји да ја поддржат Светската здравствена организација, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине финансирањето за оваа организација на ОН.

Портпаролката на Европската комисија Вирџини Бату Хенриксон изјави дека глобалната соработка е единствената ефикасна и одржлива опција за пораз на вирусот Ковид-19.

– Ова е време за солидарност. Не е време да се покажува со прст или да се поткопува мултилатералната соработка, рече таа.